
Најуспешно досега одржано третото издание на фестивалот ,,Oд А до Штип“. Атмосферата, содржините и забавата ги задоволија очекувањата и на посетителите и на учесниците. И покрај високите температури во текот на денот, вечерните часови имаа пријатна атмосфера и одлична забава за сите присутни. Фестивалот оваа година собра вкупно 17 учесници, меѓу кои и меѓународни гости – 5 од соседна Србија, од кои тројца од Белград и двајца од Ниш.
Дека големата заинтересираност е поттик за работа и понатаму, согласен е организаторот Лазарев. Рече дека догодина ќе има учесниците и од европските држави.
„Од А до Штип“ станува препознатливо културно случување кое го збогатува летниот дух на градот и привлекува сè повеќе гости од земјата и регионот.
Иван Митев, М-Нет