Успешен настап на БК „Киро Ристов“ на Државното натпреварување во борење

Вчера борачите на БК “Киро Ристов” од Карбинци, настапија на државното натпреварување во борење слободен стил за пионери и пионерки во Кочани. Дора Илиева го освои третото место во категорија до 46 килограми, Давид Гичев освои трето место во категорија до 57 килограми и Александар Михаилов го освои третото место во категорија до 44 килограми.