
Ланскиот второлигаш Слога денес во Виница одигра пријателски меч со Малеш од Берово, натпревар на кој фаворитот за прво место во Трета лига – Исток забележа убедлива победа од 6:0.
Даријан Трајчов беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Александар Илиев, Кристијан Ристов, Роберт Пецов и Валери Ангелов.
Слога новата сезона од Трета лига – Исток ја отвара Дојранско Езеро во Дојран, а пак Малеш на домашен терен ќе ја пречека новајлината Ударник од Пирава.