Вардар убедлив на тестот во Неготино, Саса подобра од Брегалница, реми меѓу Работнички и Кожуф

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го победи второлигашот Вардар Неготино со 0:5 во пријателски натпревар кој се одигра на “Цвај Арена” во Неготино. За прволигашот стрелци беа Трајковски и Здравковски кои постигнаа по два гола, а погоди и Дурански.

Прволигашот Работнички и второлигашот Кожуф ремизираа 1:1 на тестот одигран во Скопје. Кожуф поведе со голот на Бојан Иванов во 44. минута од пенал, а “романтичарите” израмнија преку Мазари на стартот од второто полувреме.

Во Македонска Каменица второлигашот Саса ја победи Брегалница со минимални 1:0, во меч каде штипскиот прволигаш шанса им даде на фудбалерите со мала минутажа и на младите фудбалери.