
Турција во машка и Косово во женска конкуренција застанаа на високите први места на Балканското првенство во одбојка на песок кое викендов се одржа во Штип. Финалните натпревари беа одиграни вчера по што се доделија и наградите за прво, второ и трето место. Во машка конкуренција играчите на Турција го совладаа Косово со резултат 2:0, а на третото место застана Романија. Во женска конкуренција, пак, девојките од Косово се покажаа подобри од вториот турски тим со резултат 2:1. И овде на третото место се најде Романија.

Турнирот свечено беше отворен во петокот, а го привлече вниманието на публиката која ги наполни трибините во СЦ Џексон. Учество зедоа девет двојки од пет земји, Србија, Романија, Косово, Турција и Македонија. Од Македонија настапија четири екипи, кои не успеаја да влезат во елиминациските натпревари.
Ребека Спасова М-Нет