Запалено возилото на началникот на СВР Штип

Запалено возилото на началникот на СВР Штип, Боби Гидиоски. На паркинг-просторот на улицата „Ванчо Китанов“ ноќеска настанал пожар на возило марка „ауди А3“, кое е на началникот Гидиоски.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, во врска со случајот потврдува дека во населбата Сењак има опожарено едно возило, а пријавата била пристигната од граѓанин во 3:01 часот. На лице место интервенирале пожарникарите од ТППЕ Штип, кои спречиле огнените јазици да зафатат и други возила.

Во тек е увид на местото на настанот, а дополнителната истрага треба да ги открие причините за запалувањето на возилото.

Ребека Спасова М-Нет