
Турците повторно ја преплавија Македонија. Само во мај, повеќе од 34 илјади туристи од Турција ја посетиле земјава, што ги прави убедливо најбројни меѓу странските гости. По нив следуваат туристите од Германија, со 9.578 посети, Србија со 7.605 и Бугарија со 4.858 туристи.
Вкупно, во мај годинава, во Македонија престојувале 131.723 туристи, кои оствариле 236.727 ноќевања. Најголем дел од гостите биле странци – 81 процент, додека домашните туристи биле само 19 проценти.
„Земји од кои дошле најмногу странски туристи во мај 2026 година:
34 681 од Турција
9 578 од Германија
7 605 од Србија
4 858 од Бугарија
Во мај 2026 година, од вкупниот број туристи, 19.0 % се домашни, а 81.0 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во мај 2026 година изнесува 236 727, од кои 24.2 % се од домашните туристи, а 75.8 % од странските туристи.“, велат од ДЗС
Како што дополнително соопштуваат од ДЗС, во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %, односно кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај странските има зголемување за 4.9 %.
Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.0 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските има зголемување за 3.3 %.
Иван Митев, М-Нет