Турнир во мал фудбал на 1 јуни во село Лажани, за најдобите следуваат парични награди

Турнир во мал фудбал ќе се одржи на 1 јуни во спортскиот центар во село Лажани. Екипите имаат можност да се пријават најдоцна до крајот на месецов, односно до 31 мај до 15 часот. Учеството чини 3000 денари. Од организацијата истакнуваат дека за најдобрите ќе следуваат и парични награди, и тоа за прво место 1000 евра, за второ место 600 евра и за трето место 400 евра како и пехари и медали. Награди ќе следуваат и за најдобар играч и најдобар голаман.