Три тепачки во Штип

Три тепачки биле регистрирани во СВР Штип, едната била рано утринава, а другите две во текот на вчерашниот ден.

На 15.06.2021 во 06.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во место викано „Шардаван“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица. Полициски службеницин излегле на местото и констатирлае дека, по претходна расправија, настанал физичка пресметка помеѓу С.А.(40) од една страна и С.А.(36) и Р.А.(39) од друга страна, сите од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.06.20121 во 11.19 часот во СВР Штип било пријавено дека во двор на ул.„Скоевска“ во Штип, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу С.И. и А.И., од една страна и В.И. од друга страна.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.06.2021 во 20.19 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 20.10 часот на ул.„Вардарска“, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Ф.Д.(50) и И.Д.(27), двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.