
Македонската „журналистичка“ елита која информира од Букурешт денес ја имаше таа чест да присуствува на тренинг на македонската фудбалска репрезентација кој се одржуваше на стадионот на Стеауа.
Патот до стадионот на Стеауа не водеше покрај прекарасните архитектонски зданија во стил на француските поради што Букурешт од милина уште се нарекува „Мал Париз“. Минавме покрај Палатата на Парламентон која се смета за втора по големина, по најголемата зграда на светот американскиот Пентагон. Главниот град Букурешт бил формиран од познатиот ВЛАД ЦЕПЕС (ДРАКУЛА) по што градот станал административно средиште на Влашка.

Исклучително строгите протоколи не дозволуваа никакво доближување, поздравување, контактирање ниту изјави од нашите играчи, едноставно одмануваа со раце, отпоздравуваа од далеку што ќе рече дека максимално се концентрирани за тренинг и за претстојниот натпревар со Украина.

Нам, на новинарската екипа под строги мерки на контрола ни беше дозволено околу петнаесетина минути присуство на тренинг, снимање од трибините што беше коректно и фер прифатено од сите нас, се со цел да ги оставиме на раат да си ја извршат својата фудбалска задача.

Очигледно беше присуството на сиот играчки потенцијал, нема болесни. ниту повредени играчи и сите се подготвени да се стават на располагање на стручниот штаб на чело со селекторот Игор Ангеловски. Добивме информација дека во текот на денот Он – лајн прес ќе одржат Езѓан Алиовски и Дарко Чурлинов, но за тајмингот дополнително ќе не информираат.

Како и да е поминува и овој ден во една мирна атмосфера, далеку од очите на феноменалните навивачи кои во Букурешт направија вистински празничен спекатакл очигледно и тие тренираат за навивачкиот дуел со украинците во кој однапред, со припомош на романците се знае победникот а тоа се нашите љубители на фудбалот и искрени македонски навивачи. Натпреварот Македонија – Украина ќе се одигра во четврток 17 јуни 2021 г. на Националната арена овде во Букурешт со почеток во 16.00 часот по романско или 15.00 часот по македонско време.
Од Букурешт Специјално за Мнет ТВ – Штип, Драги Герасимов – Пушка