Кочанчанец излетал од патот со автомобил во близина на Штип, пренесен во КБ Штип

На 14.06.2021 околу 23.40 часот на регионалниот пат Штип – с. Аргулица, во с. Стар Караорман, А.М.(29) од Кочани, управувајќи патничко возило „смарт“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.М., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.