Три лица физички нападнати при контрола на нива во с. Теранци


На 11.08.2025 во Полициската станица Кочани, М.Н.А.(65) од Скопје, сопственик на правно лице од Скопје, пријавил дека на 06.08.2025 во атар на с.Теранци, тројца негови вработени биле физички нападнати од С.Ј. од с.Теранци, додека вршеле контрола на засадените ниви со различни култури, сопственост на правното лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.