
Почнаа активностит за изградба на осум нови улици во Општина Карбинци, пет во село Карбинци и по една во селата Аргулица, Горни Балван и Таринци. Станува збор за продолжение на проектот ,,Општина без кал“, а вкупната инвестиција за сите осум изнесува четири милиони денари, пари обезбедени од буџетот на општината. Градоначалникот Виктор Паунов, посочи дека општината и понатаму продолжува да се доурбанизира.
,,Се работи за осум нови улици во Општина Карбинци, а денес се наогаме во с. Карбинци, каде што се во тек пет улици од овие вкупно осум, кои што со изградба ги започнуваме денес. Се работи за проект или продолжение на она што го работевме во изминатиот период, а тоа е општина без кал или го насловвиме еден вид доурбанизирање на сите оние места, кои што доесга не беа асфалтирани. Село Карбинци ќе биде сведок на иизградба на пет нови улици, а се работи за вкупна инвестиција на Општина Карбинци, од сопствен буџет во висина од четири милиони денари, кои што средства се обезбедени од буџетот на Општина Карбинци. Дополнително ,една улица ќе има во с. Аргулица, една во с. Горни Балван една во с. Таринци.“, рече Паунов
Улиците ќе бидат готови до крајот на месец август, потенцираше градоначалникот Паунов. Истакна дека вкупната должина на сите осум улици е над два километри.
Со овие вкупно пет нови улици во с. Карбинци и по една во останиттие три села, се очекува да се подобри патната инфраструктура, со што жителите ќе имаа подобри услови за живот.
Иван Митев, М-Нет