
Третолигашот Новаци вчера на контролен натпревар со 2:1 славеше над српскиот третолигаш Смедерево на контролен натпревар одигран во Охрид. Двоен стрелец за македонскиот третолигаш беше Христијан Торнески.
Новаци заедно со ланскиот второлигаш Кораб од Дебар ќе водат тешка меѓусебна борба за освојување на првото место, а со тоа преку бараж да обезбедат пласман во Втората македонска фудбалска лига.
Како што веќе објави телевизија М Нет, Смедерево со 1:3 славеше над второлигашот Караорман во Струга на контролен меч, а во пролетниот дел српскиот третолигаш влегува како лидер и главен кандидат за пласан во Втората српска лига.