АСМ ваучери: За Брегалница 6,5 милиони, Шкендија и Шкупи со највисоки ваучери, Вардар доби 1,9 милиони денари, Пелистер со највисок ваучер од второлигашите

Агенцијата за млади и спорт ја објави листата на фудбалските клубови кои ќе имаат ваучер за 2023 години и сумата која ќе може да ја „соберат“.

Највисоки ваучери добија Шкендија и Шкупи кои имаат по 11,5 милиони денари, потоа следи Академија Пандев која е трета на листата со 10,5 милиони денари, односно еден милион помалку, Македонија Ѓорче Петров има ваучер од 8,5 милиони денари, колку што има и Струга Трим Љум, додека пак Работнички има пола милион денари помалку, односно 8 милиони денари.

Штипскиот прволигаш Брегалница доби 6,5 милиони денари ваучер.

Што се однесува до второлигашите највисок ваучер има Пелистер од вкупно 6,2 милиони денари, Борец има 3,3 милиони денари, Беласица има 2 милиони денари, а пак Вардар доби ваучер од 1,9 милиони денари.

Во однос на женските фудбалски клубови – највисок ваучер има Скопје 2014 од 2,4 милиони денари, потоа Тиверија од Струмица која има 2 милиони денари, Каменица Саса и Љуботен кои имаат по 1,6 милиони денари.

Во прилог целата листа на фудбалските клубови и сумите од нивните ваучери: