
Екипата на Башкими од Јаболчиште која се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – Југ ќе земе учество во првата фаза од Купот на Македонија.
За клубот, ова е голем и историски успех бидејќи по првпат ќе биде дел од Купот на Македонија, каде сигурно е дека ќе налета на квалитетен противник, па тоа ќе биде едно големо искуство за овој третолигаш.
Клубот постои 20 години, минатата сезона заврши на третото место во Трета лига – Југ, со што беше конкурентен за првото место, а сега клубот ќе испише уште една историја со играњето во Купот на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет