Алиу: Се работи на создавање инфраструктура внатре во државата за повредените од пожарот во Кочани

Дел од повредените од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се на вежби на одморалиштето на Пониква, во тек е третата група пациенти кои се рехабилитираат таму. Но, во меѓувреме се прават напори да се подобрат условите со кои располага државата, со цел да може да интервенира и овде – истакна министерот за здравство Азир Алиу. Како што посочи тој во тек се разговори со експерти и амбасади за да се помогне, најпрво на овие пациенти, а дополнително да се создадат и нови услови за лекување.

„Работиме интезивно, имав средби со неколку амбасади за да може дел од пациентите да одат надвор од државата на дополнителни третмани, но да се направи инфраструктура и внатре во државата. На пример да се генерираат протези, ние немаме таква лабораторија, направив средба со експерти од Словенија и сме во тек да видиме до каде е процедурата.“ – вели Алиу.

Кога е во прашање финансиската страна за лекување на пациентите повредени од пожарот, Алиу свесен дека потребни се многу пари. Но дециден дека ќе се помогне од страна на сите аспекти, со цел пациентите да го поминат овој долг процес на заздравување.

„Секој процес кој бара финансиски средства, ние ќе излеземе во пресрет. Исто така ќе направиме и обуки и ќе пдоржиме процес за мобилност надвор од државата.“ – додава Алиу.

Повредените од пожарот во Пулс одат на физикална тереапија, а во групи се лекуваат и на одморалиштето Пониква каде ги имаат сите потребни услови.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет