Третолигашите на Истокот со одлука на стадионите треба да го истакнат државното знаме на Македонија!

Клубовите кои се натпреваруваат во Третата македонска фудбалска лига – Исток со одлука на комисијата за натпреварување на Трета лига – Исток за време на натпреварите на стадионите задолжително треба да го истакнат државното знаме, односно знамето на Македонија.

Ова е одлука која е донесена минатата сезона, односно се спроведуваше минатата сезона, како и во тековната сезона.

На терените каде што се играат натпревари од Трета лига – Исток, а тоа се терените во Дојран, Пирава, Турново, Струмица, Свети Николе, Карбинци, Зрновци, Делчево, Берово и Виница се истакнува знамето на Македонија.

Минатата сезона на ФК Дојранско Езеро и на ФК Тиверија им беше изречена дисциплинска мерка опомена бидејќи како домаќини на натпреварите од 11. коло не го истакнале државното знаме на Македонија.

Екипите кои нема да го истакнат знамето на Република Македонија за време на натпреварот ќе бидат парично санкционирани.

Александар Ванев, М-Нет