
Женската ракометна репрезентација на Македонија ги заврши настапите на Европското првенство кое се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Нашата репрезентација предводена од селекторот Кристијан Грчевски беше во групата А со селекциите на Унгарија, Шведска и Турција.
Македонија Европското првенство го отвори со пораз од Шведска со 28:18, а потоа ремизираше со Турција откако одигра 25:25 и освои бод после 16 години, откако на континетнални собири во 2012 и 2022 година Македонија беше елиминирана во грушната фаза со по три порази и практично не освојуваше бодови. Со бодот против Турција, нашата репрезентација после долг период дојде до бод на континенталните собири.
На последниот меч Македонија загуби од домаќинот Унгарија со 19:29, а тоа значи скор од едно реми и два порази, па со еден бод Македонија Европското првенство го заврши на третото место во групата.
Турција на последниот меч имаше катастрофален пораз од 19:47 со што со најлоша гол-разлика е на последното место со еден бод. Во однос на табелата Унгарија заврши прва со три од три и шест бодови, Шведска беше втора со четири бодови, Македонија трета со еден бод, а бод има и Турција која е на дното.
Шведска имаше најефикасен напад со постигнати 100 погодоци на трите натпревари, а најслаб напад имаше Македонија која постигна 62 гола на три натпревари. Репрезентација на Турција имаше најлоша одбрана која прими дури 102 гола, а пак најдобра одбрана имаше Унгарија која прими 68 гола.
Александар Ванев, М-Нет