Трета година по ред бесплатни училишни униформи за штипските ученици од Општина Штип

Трета година по ред, учениците од прво до петто одделение во штипските основни училишта добија бесплатни училишни униформи.

Општина Штип и годинава се погрижи униформите да бидат обезбедени за најмладите ученици.

Градоначалникот Иван Јорданов информира дека станува збор за висококвалитетни униформи.

Од Општината велат дека продолжувањето на оваа мерка е дел од активностите насочени кон подобрување на условите за учениците и поддршка на семејствата.

Мерката е дел од поддршката што локалната самоуправа ја насочува кон основното образование, со акцент на потребите на најмладите ученици.

Оттаму најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со активности насочени кон создавање подобри услови за учениците.

Иван Митев, М-Нет