Година и пол по трагедијата во „Пулс“, денеска 49. „Марш на ангелите“ во Кочани

Eдна година и шест месеци по најголемата трагедија во Кочани, година ипол по трагичниот настан во кој во пожар во дисоктека во Кочани животот го изгубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. И по година ипол останува вечната болка и тага, остануваат солзите во очите на родителите и надежта дека ќе има правда, дека ќе се пронајдат одговорните лица и нема да се дозволи да се повтори 16 март 2025 година. Во чест и спомен на ангелите, денеска повторно ќе се одржи „Маршот на ангелите“, со почеток во 17:05 часот од Паркот на Револуцијата. Од здружението ги повикуваат граѓаните да им се придружат на семејствата и заедно да чекорат за вистината, правдата и за Кочани во кое ваква трагедија никогаш повеќе нема да се повтори.

„Во среда, во 17:05 часот, се собираме во Паркот на Револуцијата. Оттаму заедно го започнуваме 48. Марш на ангелите. Дојдете и чекорете со нас. Не заради нас. Заради нив. Заради нашите 63 ангели. И заради Кочани што мора да биде подобро и побезбедно за генерациите што доаѓаат. ДА НЕ ЧЕКОРИМЕ САМИ. ДА ЧЕКОРИМЕ ЗАЕДНО. За вистината. За правдата.”, соопштуваат од здружението

На 16 март 2025 година во дискотеката Пулс во Кочани, на концерт на ДНК, настана пожар од пиротехника, во кој присутните над 600 лица не можеа да се спасат излегувајќи низ единствената врата на објектот. Борејќи се за воздух, држејќи се за раце и обидувајќи се да спасат повеќе човеќки живот, 63 млади лица загинаа, а 200 беа повредени.

Иван Митев, М-Нет