
Трет ден Штип го слави 40 сетото јубилејно издание на фестивалот на забавни мелодии Макфест. Вечерва на сцената настапуваат познати имиња, кои оставиле траг на штипската сцена. Организаторите и денеска ги поканија штипјани да уживаат во изведбите и да се потсетат на песните, кои останаа да живеат со години. Истовремено беа доделени благодарници и плакети на сите кои придонеле во развојот на овој фестивал
Истовремено денеска, беа доделени благодарници и плакети на сите кои придонеле во развојот на овој фестивал. Роберт Саздов ументнички директор на фестивалот ги додели истите, потенцирајќи дека 40 години е сериозна бројка, а со тоа Штип треба да биде горд.
Со 40 години традиција зад себе, „Макфест“ и оваа година го потврдува своето место како симбол на македонската забавна музика. Штип повторно живее во ритамот на песната – со емоции, гордост и љубов кон музиката што обединува генерации.
Иван Митев, М-Нет