
Во есенската полусезона на Првата македонска фудбалска лига карактеристично беше тоа што прволигашите често менуваа тренери – рекорден е Работнички откако пред два дена го назначи Муарем Муарем за нов предводник, а младиот стратег е дури четврти тренер кој ќе го води Работнички во тековната сезона.
Бојан Марковски беше првиот тренер кој го презеде Работнички на почетокот на сезоната, потоа на негово место дојде Алпарслан Ердем, но и тој не се задржи многу, па беше претставен српскиот стратег Ален Тупајиќ, а сега Работнички по четврти пат назначи нов тренер во името на Муарем Муарем.
Тренерска промена имаше и кај Македонија ЃП, откако Бобан Грнчаров замина, а на негово место дојде Боби Божиновски, додека пак кај Пелистер се случи една тренерска промена, замина Димитар Капиновски, дојде Милан Стојаноски.
Една тренерска промена имаше и кај Тиквеш на местото на Ѓорѓи Мојсов дојде Борче Христов, а пак кај Шкупи пак Минас Османи дојде на местото на турскиот стратег Умит Шахин.
Тренерска промена имаше и кај Брера Струмица на местото на Панче Стојанов пристигна младиот тренер Мартин Алаѓозовски, додека кај пак Башкими на местото на Муарем Муарем се врати Блаже Јанакиевски, тренер кој го внесе Башкими во Прва лига.
Без тренерски промени се само екипите на Арсими кој го води Вилдан Салиу, Силекс кој го води Александар Васоски, Шкендија која е предводена од Јетон Беќири, Струга Трим Лум ја води Бледи Шкемби, како и Гоце Седлоски кој го води Вардар.
Тоа значи дека од 12 екипи дури седум екипи промениле тренери, а само пет екипи останале со тренерите со кој ја започнале сезоната во Првата лига.
Александар Ванев, М-Нет