
Историски најголем буџет за 2026 година е предвиден и во Општина Карбинци од самото нејзино постоење. Буџетот изнесува 165 милиони и 500 илјади денари и нуди бројни нови проекти во општината. За прв пат, значителен дел од средствата се наменети за капитални инвестиции. Како што истакна градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, дури 73 проценти од основниот буџет се наменети само за патна инфраструктура.
,,Помина буџетот за 2026 година, кој што беше претставен пред советот на Општина Карбинци. Можам да кажам дека ова е најголемиот буџет, кој што до сега го имал Општина Карбинци од самото постоење од 96 та годиа. Вкупниот буџет изнесува 165 милиони и 500 000 денари, буџет кој што е развоен, нуди многу нови проекти за 2026 година и буџет кој што за прв пат ќе имаме една сериозно голема компонента на капитална ставка.“, истакна Паунов
Паунов е дециден дека овој, досега најголем буџет, ќе овозможи значаен развој на Општина Карбинци.
„Основниот буџет изнесува 78 милиони денари, од кој што 73 проценти од основниот буџет се средства кои што се во делот на капиталните инвестиции, односно пред се во делот на патната инфраструктура и други проекти кои што се содржи во рамките на програмите, така да Општина Карбинци за 2026 година има едно исклучително буџет кој што ќе биде со развојна компонента и исклучително голем, кој што ќе носим многу нови проекти и развој на Општина Карбинци.“, рече Паунов
Инаку, од општината најавуваат дека новата година ќе биде нов мотив за работа, со цел Карбинци да стане уште подостојно место за живеење.
Иван Митев, М-Нет