
Четворица фудбалери на Брегалница Штип добија повик од селекторот Таневски за настап во репрезентацијата на Македонија до 21 година на претстојните квалификациски натпревари.
Повикани се Матеј Ангелов, Даријан Тасев, Никола Филевски и Андреј Велков, кои повторно ќе го облечат националниот дрес и ќе ги бранат боите на Македонија.
Младата репрезентација ја очекуваат два квалификациски предизвици – против Црна Гора во Битола на 1 октомври, а потоа и гостување кај Шведска во Фалкенберг на 5 октомври.
Од штипскиот клуб им посакаа успех на своите фудбалери и успешни настапи во националниот дрес.