
Екипата на Овче Поле СУ од Свети Николе заврши на делба на второто место во Првата женска ракометна лига и ќе води пролетна битка да остане на второто место кое води кон баражот за влез во Суперлигата, со оглед на тоа дека непоразениот лидер Атлетик веќе прави сериозни бодона предност на врвот.
Меѓутоа, тимот од Свети Николе го има најдобриот стрелец во лигата – Анастасија Сентовска оваа есен за Овче Поле СУ постигна фантастични 104 погоди на 11 натпревари и е единствената која има троцифрен број на погодоци. Сентовска оваа есен постигнуваше по речиси десет погодоци по меч во просек, а дека се станува збор за убедливи најдобар стрелец говори фактот што има дури 39 погодоци повеќе од Анастасија Јованоска која за Деспина постигна 65 погодоци.
На третото место на листата на најдобри стрелци е Елена Вучевска со 63 погодоци, а пак Алтина Хасани од Јехона и Мери Гичева од Деспина постигнаа по 62 гола.
Најдобар стрелец за лидерот Атлетик е Моника Босилковска која има 59 гола, а пак за Ѓорче Петров 2 Кристина Наумовска постигна 57 гола, а пак Марија Димоска 55 гола. Во најдобрите десет две позиции држи Стружанка – Маја раткушиноска со 51 гол и Сејадин Едје со 46 гола.
Александар Ванев, М-Нет