Традиционално гравче по стар рецепт секој петок се среќава на трпезите во Штип

Традиционално гравче по стар рецепт секој петок се среќава на трпезите во Штип. Старите домакинки велат дека го подготвуваат она како што научиле од своите мајки, па затоа се согласни дека и денес ова јадење станува атрактивно кај помладите. Го подготвуаат во две варијанти, па и едната и другата се избор за ручек секој петок.

Според верниците, секој петок се подготвува гравче затоа што овој ден е посен, па најбргу и најлесно некогаш домакинките се снаоѓале со гравче. За среќа и денес ова јадење се негува од помладите, па според штипјани вака ќе продолжи и во иднина.

Иван Митев, М-Нет