
По лажните дојави за бомби во училиштата одржан е состанок, направени се проверки во училишните згради, а потоа е продолжено со настава. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, потврди дека сите дојави за бомби се лажни. Додаде дека постојано се во комуникација со МВР со цел да се решат овие проблеми и да се зголеми безбедноста кога се во прашање децата.
„Утрово одржавме состанок со преставниците на МВР и на неколку други институции, преставници од министерството за дигитална трансформација. Сите дојави се лажни, направени се проверки во училиштата, а потоа учениците се вратени на настава.“ – вели Јаневска.
Јаневска аплираше до училиштата да ги користат исклучиво електронските адреси за комуникација кои се креирани од страна на МОН. До општините пак во чија надлежност се училиштата апелираше да постават физичко обезбедување и видео камери со цел поголема заштита на децата. Училиштата да бидат претпазливи кој и како влегува во нив, додаде Јаневска.
„Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани од Министерството за образование и наука.“ – вели Јаневска.
Лажни дојави за бомби освен во Штип, имаше и во Кочани, Зрновци и Виница како и на повеќе места во државата.
Лаура Стојанова М-Нет