Топлотен бран до недела, потоа невреме и пад на температурите

Жешкото време продолжува и во наредните денови, со сончево време и температури кои ќе се движат до 39 степени. На места, дневната температура ќе надмине и 40 степени. Синоптичарот Вилен Поповски изјави дека голема промена ќе се случи во недела, кога се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има и појава на град. Од понеделник температурите постепено ќе опаѓаат, а во среда се очекува поизразено заладување, со максимални 36 степени и попладневна облачност.

Во источниот дел од земјата, услови за врнежи се очекуваат во понеделник во попладневните часови, кога на места ќе има и зголемена облачност, посочи Поповски

Во вакви топли денови, препораките се да се избегнува престој на отворено во најтоплиот период од денот, да се носи капа и да се внесува повеќе вода и течности.

Ева Тушевска, М-Нет