АХВ: Јамите се затрупуваат веднаш по ставањето на трупот, отворените ги оставаат несовесни сточари

По вчерашниот прилог на М-Нет ТВ , АХВ излегоа со реакција дека категорично ја отфрлаат изјавата на претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци ,,Модерен овчар“ Насер Џемаили, дадена во с. Соколарци во општина Чешиново-Облешево, во која истакнува дека од отворената јама за нештетно отстранување на трупови од еутаназирани овци и кози, кучиња разнесувале трупови од угинати и еутаназирани животни. Во писмено соопштение од Агенцијата истакнаа дека:

Како институција одговорно тврдиме дека јамата во чија близина вчера, за ТВ М Нет од Штип беше дадена изјавата, ниту во еден случај, не па дваесет дена, не била оставена отворена по нештетеното отстранување (затрупување) на угинати или еутаназирани животни во рамки на активностите кои ги презема АХВ за справување со болеста сипаници кај овци и кози.   Напротив, секоја јама од ваков тип, вклучително и оваа во близина на село Соколарци, се затрупуваат веднаш по ставањето на лежевите во нив, без исклучок. Истиот ден се врши нивна дезинфекција и дезинфицирање на опремата и  механизацијата која била користена во активностите за нештетно затрупување на угинатите/евтаназираните овци и кози.   Лешеви од угинати овци и кози на кои алудира Џемаили во изјавата, може и потекнуваат исклучиво од несовесни сточари кои не ги пријавуваат угинатите животни, односно истите ги оставаат на местата каде угинале, претставувајќи сериозна опасност за ширење на болеста сипаници кај овци и кози. Поради ова, АХВ апелира до сточарите доколку има појава на клинички значи кои укажуваат на  сомнеж на болеста сипаници кај овци и кози за тоа веднаш да го информираат надлежното ветеринарно друштво, или официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Стои во реакцијата од АХВ.

Ева Тушевска, М-Нет