Тиквеш и Шкендија ги завршија европските настапи, Струга се сели во квалификациите за Конференциската лига!

Екипите на Тиквеш и Шкендија ги заврши европските настапи откако двете екипи беа елиминирани уште во првото квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА.

Сепак, Тиквеш на своето европско деби се претстави во одлично светло. На првиот меч освојувачот на Купот на Македонија имаше негатива од два гола во дуелот со Бреидаблик, но потоа преку пресврт славеше со 3:2 во Скопје и тоа беше прва европска победа за прволигашот од Каваадрци.

На реваншот во Исланд екипата на Тиквеш загуби со 3:1, но и таму македонскиот тим предводе од Ѓорѓи Мојсов одигра одлично, откако имаше водство од 0:1, а потоа Бреидаблик израмни на 1:1 на полувреме, а во вториот дел тимот од Исланд направи комплетен пресврт за конечни 3:1, со што Тиквеш ги заврши квалификациите за Конференциската лига.

Сепак резултатите на Тиквеш, играта и напредок се за поздравување. Лани тимот заврши на високото 4. место во ПМФЛ и го освои Купот на Македонија, работи квалитетно на развојот и напредокот.

Со Европа се збогува и тетовска Шкендија со два порази од екипата на Ноах од Ерменија. Првиот меч заврши со триумф за тимот од Ерменија од 2:0, а пак на реваншот во Скопје екипата на Шкендија загуби со 2:0 и со тоа завршува со квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Шампионот Струга Трим Лум со два порази од Слован Братислава испадна уште во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите и се сели во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.

Стружани на првиот меч загубија со 4:2, а се вратија на тој меч од два гола негатива на 2:2, но словачкиот тим стигна до голема победа на домашен терен во финишот од мечот, а забележа победа и на реваншот во Охрид, каде Слован Братислава со 1:2 триумфираше и патува во второто коло.

Македонија останува со само еден претставник односно со Струга, која лани стигна до плеј-офот и беше на чекор да се пласира за првпат во Конференциската лига на УЕФА. Пред Струга следуваат уште натпревари со надеж дека ќе го повтори ланскиот успех, но овој пат со повеќе среќа во плеј-офот.

Од следната сезона Македонија го враќа загубеното место за Европа, ако во минатото од Првата лига излез во Европа обезбедуваат првите три екипи, плус освојувачот на Купот, минатата сезона третопласираниот тим немаше виза за Европа, а од следната сезона се враќа можноста и третопласираниот тим да излезе во Европа односно во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, па со тоа и поголеми шанси Македонија да има претставеник во елитото европско натпреварување.

Колку за потсетување досега само Вардар играше групна фаза од Лигата на Европа.

Александар Ванев, М-Нет