Тиквеш го “сруши” Вардар, пораз за Брегалница од шампионот, Гостивар никако да тргне!

По 20 години одново се играше дербо меѓу Тиквеш и Вардар, Градскиот стадион во Кавадарци беше претесен за да ги собере гледачите и навивачите.

Спектакл на двете навивачки групи – верните “Лозари” и верните “Комити” кои ја “запалија” атмосферата на стадионот.

Тиквеш со минимални 1:0 го доби Вардар, а единствен стрелец беше Едиз Спахиу. Победата на каварчани добива на тежина бидејќи до истата стигнаа со играч помалку на терен, откако Карчевски заработи црвен картон.

Брегалница загуби за првпат сезонава на домашен терен откако шампионот Струга Трим Лум со 1:3 славеше над “сините”.

Шампионот Струга Трим Лум рано стигна до водство откако во 6. минута .
Бојку одбиената топка од стативата по претходно изведениот слободен удар со глава ја смести во противничката мрежа за 0:1.

Георгиевски со втор жолт ја напушти играта, а брзо потоа и Лвалива поцрвен со што двете екипи беа со израмнети сили на теренот.

Во вториот дел Калпачки израмни на 1:1, но Струга брзо преку Ибраими го врати водството на 1:2.

Бојку заработи црвен картон и беше исклучен од игра, па Брегалница имаше играч повеќе на теренот до крајот на мечот.

Иако со два играчи помалку на теренот Струга во финишот постига гол преку Укпа.

Ниту многуте и скапи засилувања не носат резултат, Гостивар загуби во Ѓорче од Македонија со 3:0.

“Лавовите” стигнаа до водство во дуелот со Гостивар, откако Величковски во 7. минута реализираше и го отвори резултатот. Во вториот дел Мишевски постигна гол за 2:0, а во финишот Илиевски ги постави конечните 3:0.

Работнички стигна до трето славје откако на Арената “Тодор Проески” со 2:0 славеше над дебитантот Воска Спорт.

Велкоски од пенал во 31. минута го отвори резултатот за водство од 1:0, а во вториот дел Гандо погоди за 2:0.

Силекс со 2:1 славеше над тетовска Шкендија на домашен терен. Ристовски во првиот дел не реализираше пенал.

Во вториот дел Милосављевиќ постигна гол за 1:0. Цаке во 88. минута погоди за 1:1, а во 92. минута Лазаревиќ погоди за голема победа од 2:1.

Вчера во воведниот меч Шкупи со минимални 1:0 славеше над Брера Струмица со голот на Луан Абази, за што претходно објави телевизија М Нет.