
Во одличен меч одигран утрово во 10 часот на теренот на Кадино кој понуди дури пет погодоци некогашниот второлигаш ја оправда фаворитската улога.
Во првиот дел мрежите мируваа и на двете страни, а во вториот дел паднаа пет погодоци. Оливер Пеев во 47. минута погоди за 1:0 на стартот од вториот дел со гол од пенал, а во 58. минута Мартин Илиевски доби црвен картон со што Кадино беше со играч помалку на теренот.
Во 72. минута Дејан Блажевски го израмни резултатот на 1:1, а по само една минута со играч помалку Кадино преку Блерим Мустафа го врати водството на 2:1.
Во 77. минута ССК Нова остана без капитенот, откако Дарко Стевковски заработи црвен картон и беше исклучен од игра, па така и двете екипи беа со израмнети сили на теренот.
Во истата минута Никола Спасевски ја погоди противничката мрежа за високи 3:1, а десет минути подоцна Нанчовски по четврти пат капитулираше за конечни 4:1.
Вчера амбициозниот тим на Куманово со високи 0:3 ја отвори сезоната во воведниот меч од првото коло против ланскиот второлигаш Пехчево Скопје.
Денес од 16 часот Беса Влазрими ќе игра со Фортуна, Башкими Љуботен против Риниа, Петровец ќе се соочи со новајлијата Бутел, Аеродром во дуел со БВК Коњаре, а пак во директен пренос од 16 часот гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да го проследат дербито меѓу Шкендија Арачиново и Еуромилк ГЛ.