
Тоа што го најавуваше телевизија М Нет изминатиот период доби на потврда, кавадаречкиот прволигаш Тиквеш за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, но и за европскиот предизвик ќе биде посилен со четири нови играчи, кои беа потврдени и промовирани од страна на клубот во Кавадарци.
Дресот на Тиквеш во новата сезона ќе го носат левиот бек Михаил Маневски, Ѓоррѓи Ѓорѓиев кој игра на позицијата десно крило, а овие двајца играчи во пакет ни доаѓаат од штипска Брегалница.
Нов играч на Тиквеш е Давид Манасиевски, играч од средниот ред, а кој досега настапуваше во Силекс, додека пак на голманската позиција се засилуваме со младиот Стефан Тасев кој доаѓа од Вардар Неготино.
Тиквеш веќе ги „запали моторите“ и ги започна подготовките за новата сезона, најпрво фокусот ќе биде ставен на европскиот предизвик, а потоа на Првата лига.
Александар Ванев, М-Нет