
Младиот фудбал Александар Нехтенин од младинската школа на штипска Брегалница доби покана од селекторот Раде Каранфиловски за учество на камп за македонската репрезентација до 16 години.
Ова е уште една потврда за одлични игри на младиот фудбалер, кој се наметнува кај селекторот Каранфиловски.
Кампот ќе се одржи во Дојран во период 10. јуни до 16. јуни годинава, а од неговиот мачитен клуб му честитаа за поканата да учествува на репрезентативниот камп и му посакаа многу погодоци.
Александар Ванев, М-Нет