
Во тек е изведбата на активности преку кои штипскиот Здравствен дом „Панче Караѓозов“ добива нова фасада. Проектот има за цел зголемување на енергетската ефикасност, заштита и унапредување на животната средина, подобрување на квалитетот на животот на локалното население и подобрување на условите за работа на вработените во установите лоцирани во овој објект.
„Реализацијата на овој проектот опфаќа монтажа на термо фасада, демонтажа на постоечки фасадни прозори изработени од алуминиум и набавка и монтажа на фасадни прозори изработена од ПВЦ профили; набавка и монтажа на влезна врата со анти паник брава од алуминиумски профили; набавка и монтажа на внатрешен портал од алуминиумски профили со две врати, со анти паник брава; поставување на хоризонтални и вертикални олуци изработени од челичен поцинкован лим; замена на постоечките флуо цевки со нови ЛЕД цевки; замена на инкадесцентни сијалици со нови ЛЕД сијалици; термотехничка инсталација – инсталации за греење, инсталации во машинска сала- демонтажа на постоечки котел за парно греење кој работи на ЕЛ масло за греење и монтажа на топловоден котел и котел на пелети; и др.“ – велат од здравствениот дом.
Овој проект се реализира со средства од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, преку Проектната единица на Министерство за финансии ПСЕЕП. Активностите за реализација на Проектот започнаа во месец Јуни 2024 година и истите се одвиваат согласно со предвидениот динамички план на работа.
Лаура Стојанова М-Нет