
Сѐ уште стојат ознаките на инфо центарот на Конти во Радовиш. 14 илајди граѓани беа жртви на пирамидалната шема, но и покрај тоа една од канцлелариите на Конти која е лоцирана во Радовиш, и понатаму стои. На почетокот на овој месец, администраторот на Конти во Радовиш, посочи дека канцеларијата ќе се користи за новата пирамидална шема на Грок.
И оваа апликација е иста како и Конти, се инсталира апликација, се кликаат лајкови на филмови, се вложуваат пари, а има и различни пакети. Но, заработката не доаѓа од „кликовите“, туку од привлекувањето нови и нови луѓе. Колку си погоре во пирамидата, толку е поголема веројатноста за заработка.Дел од оние што изгубиле пари од „Конти“, сега спасот го бараат во новата платформа. Новата платформа се уште се истражува, но функционира на ист начин како и претходната.
Лаура Стојанова, М-Нет