Вардар пак загуби, реми во Кратово, Гостивар и Пелистер ремизираа без голови!

Денес се одиграа натпреварите од вонредното 12. коло од Првата лига, каде Воска Спорт запиша голема победа од 3:1 над Шкупи во меч каде охриѓани третиот гол го постигнаа од пенал.

Вардар ја продолжува резултатската криза, откако денес загуби од Брера Струмица со минимални 0:1.

Тиквеш со минимални 0:1 претрпе нов пораз од шампионот Струга на домашен терен, а пак Гостивар и Пелистер ремизираа на „Борис Трајковски“ без голови.

Шкендија со 2:1 го доби регилнаното дерби со дебитантот Беса на домашен терен.

Во однос на табелата Работнички е непоразен лидер и натаму со 24 бодови, Шкендија е втора со 23 бодови на своето конто, Силекс е трет со 21 бод колку што има и Гостивар кој е четврти.

На петтото место е шампионот Струга со 19 бодови, Шкупи е шестти со 16 бодови, Брера Струмица со 15 бодови е на седмото место.

Пелистер е осми со 13 бодови, а пак Беса е на деветтото место со 12 бодови. Воска Спорт се проби до десеттото место или бараж зоната со 10 бодови, а во опасната зона за директно испаѓање во Вотра лига се Тиквеш и Вардар кои имаат по осум бодови на своето конто.

Александар Ванев, М-Нет