Тетовски костен по 200 денари за кило во Штип пред Нова Година, прекупци од Кочани со бизнис над 30 години

Тетовски костен по 200 денари пред Нова Година се продава на пазарот во Штип. Прекупци од Кочани го купуваат од Тетово и продаваат по пазрите во истокот. Велат нема што да кријат, кога не го одгледуваат, ама знаат дека е чисто природен и македонски. Граѓаните го зимаат, а тие се задоволни, бидејќи како што велат веќе 30 години се занимаваат за ова.

Костените во Тетово, според информациите на продавачот се собираат во октомври, а потоа тие одат да купат и да го распродаваат во истокот.

Инаку, граѓаните пополека се подготвуваат за Бадник, купуваат од се по нешто, како сушено овошје, ореви, бадеми, костени. Иако според нив цената е висока, сепак велат достојно и годинава мора да се пречекаат празниците и да се собере на трпеза семејството.

Иван Митев, М-Нет