
Инсталацијата на СКАДА системот ќе биде прв капитален проект на ЈП Исар на почетокот на новата година. Моментално е избран економски оператор кој ќе работи на изведба на СКАДА системот со што ќе се овозможи заштеда на загубата на вода во Штип. Дополнително тековно ќе се извршуваат и редовни активности како замена на водоводна мрежа, собирање смет и слично.
„Освен редовните, замена на стари дотраени водоводни и канализациони мрежи кои се наш врвен приоритет, ЈП Исар од почетокот на наредната година очекуваме да почне да се инсталира СКАДА системот. Тоа беше макотрпен процес, со прибирање податоци од терен, подготовка на техничка документација, односно на основен проект, па обезбедување на финансиски средства и сега сме во фаза кога веќе е избран економски оператор кој ќе ја почне изведбата на СКАДА ситемот“ – вели Арсовски.
Околу 600 илјади евра се обезбедени со цел да се имплементира СКАДА системот во Штип, со што ќе се овозможи на 35 точки во градот контрола на загубите на вода.
„Имплементацијата на СКАДА системот ќе чини некаде околу 600 илјади евра“ – додава Арсовски.
Со импелементација на СКАДА системот, но и постојана работа на замена на старата и дотраена водоводна линија, како и изградба на резервоарите Мери и Пребег, се очекува Штип целосно да го реши проблемот со водоснабдувањето во градот.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет