Тетекс со триумф над Брера Струмица, Шкупи го доби тест-мечот со третолигашот Фортуна

ФОТО: Брера Струмица

Второлигашите продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари низ која ја проверуваат формата. Тетекс беше подобар на тестот со ланскиот прволигаш Брера Струмица, откако „штофарите“ триумфираа со резултат од 0:2.

Следен контролен натпревар за Брера Струмица ќе биде против Кожуф, меч кој ќе се одигра утре од 17:30 часот на СЦ „Пандев“.

Ланскиот второлигаш Шкупи го одигра првиот контролен натпревар, а на истиот триумфираше со резултат од 3:2 над третолигашот Фортуна.

Стручниот штаб на Шкупи им даде шанса на сите играчи да настапат на овој натпревар, со цел да се провери нивната форма.

Следен контролен натревар за Шкупи ќе биде утре против Македонија ЃП на стадионот во Ѓорче Петров.

Александар Ванев, М-Нет