Карбинци го закажа стартот на летните подготовки, третолигашот останува со истата управа

ФОТО: АРХИВА

Третолигашот Карбинци на 12 август ќе ги започне подготовките за новата сезона, а во која сезона влегува со истата управа со можност за дополнување, а клубот останува под општина Карбинци.

Клубот ќе се потпре на ростерот од минатата сезона, со можност да им се даде шанса и за млади заинтересирани играчи, кои сакаат да се докажуваат во третолигашката конкуренција.

Карбинци во изминатите сезони се покажа како клуб кој успешно опстојува и функционира и секоја година е бележи одлични резултати, а притоа се покажува и како клуб кој знае да реши дерби натпревари за титула. Инаку, исто така клубот во минатото пријавуваше настап и во Купот на Македонија, каде исто така се покажа како одличен домаќин на мечевите со прволигашки екипи.

Засега нема официјални информации околу стартот на новата сезона и за комплетната листа на екипи кои ќе се натпреваруваат во Трета лига регион 3.

Александар Ванев, М-Нет