Текстилниот отпад да се користи како ресурс, како ќе се импементира новиот Закон?

Нов закон за управување со дополнителни текови на отпад е надежта дека процентот на текстилен отпад во годините кои следуваат ќе биде намален. Последните истражувања покажуваат дека дури 40% од целокупниот отпад отпаѓа на текстиелн отпад кој начесто завршува на депониите и со негово горење се загадува животната средина. Овој отпад да се користи и со негова реупотреба да се создаваат нови парчиња облека е целата на новиот Закон кој ќе стапи на сила од наредната година.

„Од наредната година 1 јануари почнува примена на нов Закон за реупотреба на текстилен отпад и масла и гуми и возила кој треба да ја подобри сосотојбата односно да го гледа текстилниот отпад како ресурс од кои може нови производи да се произведуваат“ – додаде Шарковски.

Преставниците од текстилниот текстилниот сектор велат дека ваквиот Закон би требало да даде разултати, за да може целиот текстил да виде искористен на вистински начин.

„Има регулатива и ние мора да ја следиме таа регулатива, истата ја спроведува царина, ние сме должи да ја спорведиме селекцијата на отпадот да го приложиме на увид и подоцна да го уништиме“ – вели Нашков.

Од Општина Штип додадоа дека со импементација на овој Закон ќе се постават и собирни пункта на неколку локации во Штип, со цел текстилниот отпад да не се меша со останатите видови отпад како што е праксата сега.

„Моментално текстилниот отпад како и другите видови отпад завршува со цврстиот комунален отпад во контејнерите. Ние како општина и генерално целата држава не правиме некоја селекција како што треба да правиме бидејќи се најавува со текот на годините, можам да кажам во последните 10 – 15 години. Општина Штип сака да ја продолжи кампањата за примарна селекција на отпадот и тоа во предучилишна возраст. Планираме тоа да почне на почетокот на 2023 година и да трае во текот на целата година.“ – кажа Везнеков.

Со цел граѓаните, јавноста, но и инволвираните чинители подобро да се запознаат со новиот Закон и начинот на кој треба истиот да функционира вчеравечер се организираше јавна дебата, проследена со моден перформанс и изложба во простотиите на Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип.

Лаура Стојанова М-Нет