Текстилец УГД в недела гостува кај Преспа во Ресен, Сокол Саса против Партизна, Овче Поле гостува кај Јехона

Викендот започнува новата сезона во Првата ракометна лига со мечевите од првото коло. В сабота на програмата ќе бидат три натпревари, останатите ќе бидат одиграни во недела.

Илинден на домашен терен ќе се соочи со Македонија Ѓорче Петров, во меч кој ќе стартува во 19 часот. Половина час претходно Аеродром ќе игра против Радовиш во салата „25 мај“, а пак во 19:30 часот ќе се игра дербито меѓу Драчево Јуниор и Вардар Неготино.

В недела Текстилец УГД ќе гостува во Ресен каде ќе го игра мечот со Преспа во салата „Зоран Стојановски“ со почеток до 19 часот, а еден час претходно во Македонска Каменица ќе се игра мечот меѓу дебитантот Сокол Саса и Партизан во салата „Кирил и Методиј“.

Ланскиот суперлигаш Пролет на домашен терен ќе игра против Шампион од 19 часот, а пак во 18:30 часот во Гостивар ќе се игра натпреварот меѓу Јехона и Овче Поле од Свети Николе.

Како и минатата сезона, така и оваа сезона шампионот ќе има директен влез во Суперлигата, а пак второпласираниот тим ќе игра бараж за влез во елитата против екипата која ќе биде претпоследна во суперлигашкиот плеј-аут.

Александар Ванев, М-Нет