Шампионот Вардар гостува кај Куманово, Тиквеш домаќин на Бутел, Алкалоид оди кај „двојката“ во Битола

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од второто коло на Суперлигата, а во кое коло ќе има неколку интересни и неизвесни средби.

Во 16:30 часот во Битола ќе се игра мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Мулти Есенс, а во 19 часот пак Еурофарм Пелистер 2 и Алкалоид ќе ги одмерат силите. Повеќе од јасно е дека второпласираниот и четвртопласираниот тим од минатата сезона ќе бидат фаворити.

Актуелниот шампион Вардар ќе гостува кај Куманово во меч кој ќе се игра во салата „Перо Наков“, а стартот е закажан за 19 часот. Во ист термин Тиквеш ќе игра против Бутел во Кавадарци и Охрид против Струга во езерското дерби.

Половина час подоцна во Богданци повратникот Младост го игра првиот домашен меч против Прилеп, се очекува полна сала и неверојатна атмосфера.

Александар Ванев, М-Нет