Текстилец поразен во Гевгелија од Партизан во меч со многу погодоци, Металург РА загуби во Свети Николе од Овче Поле!

Комлетирано 15. коло на Првата ракометна лига на Македонија група А и група Б, кое се играше во четири дена.

Во рамки на групата А екипата на Металург РА загуби на гостувањето во Свети Николе од екипата на Овче Поле со резултат од 30:28, а домашниот тим до победата дојде преку пресврт, откако гостинот од Автокоманда имаше предност од 13:14. Стаменков го водеше Овче Поле до победа, а пак за Металург РА 17 погодоци постигна Филип Петровски, но на крај и тие не беа доволни за победа.

Аеродром на домашен терен забележа голема победа над Јехона откако славеше со високи и убедливи 34:25, а сосема очекувана беше големата победа на Еурофарм Пелистер 2 кој со 41:14 го декласираше Астраион од Струмица.

Екипата на Текстилец УГД од Штип забележа пораз на гостувањето кај Партизан во Гевгелија со резултат со 35:33. Лошото прво полувреме за штипјани влијаеше на конечниот исход и на поразот, откако на полувреме Партизан имаше предност од 20:14.

Најдобар стрелец кај Партизан беше Илија Пејковски со 13 погодоци, а кај штипски Текстилец се истакнаа Филип Џинес и Јован Атанасовски со по девет погодоци.

Шампион со високи 33:19 го декласираше „фенерџијата“ Преспа Вардар од Ресен, а пак Македонија ЃП го декласираше Вардар Негтино со 36:29.

Екипата на Младост во Богданци пред својата публика го декласираше Скопје со 32:21 и забележа важна и голема победа, каде со по пет погодоци за домашниот тим се истакнаа Димитар Пеев, Борјан Цековски и Стојан Наумовски.

Еурофамр Пелистер 2 е на врвот од табелата во групата А со максимални 24 бодови, Мулти Есен е втор со 17 бодови, во групата Б на врвот се израмнети Младост Богданци и Македонија ЃП со по 21 бод, а пак Текстиелц со четири бодови е претпоследен.

Александар Ванев, М-Нет