
Една тегла ајвар – замена за ручек, но колку навистина е здрав? Кога ќе се земат предвид печењето, лупењето, варењето, а потоа и пржењето со масло, се поставува прашањето колку од хранливите вредности на пиперката остануваат во теглата. Лекарите велат дека ајварот и лутеницата се вкусни, но не треба да ги сметаме за здрав секојдневен оброк, па важно е и колку често и во која количина ги консумираме.
,,Анализирајки нутритивните вредности, немаат многу хранливост, затоа што неколку пати термички пиперката се обработува, се пече, се лупи, се вари неколку часа. Од она хранливото што зеленчукот го има, значи не само црвената пиперка, туку и модриот патлиџан и друго, изложеноста на зејтинот на висока темепратура, немаат некоја, вкусно е , меѓутоа како здрава храна не би ја класифицирала. Претставува еден деликатест што долго време ние е традиција да го подгтовуваме, мегутоа во умерена количина може да се косумира, меѓутоа не и да биде секојдневне дневен оброк.“, рече Митров
Но, не само зимницата е причина за вишок килограми. Лошата исхрана и недостиготот од физичка активност се почесто доведуваат до прекумерна тежина, а загрижува што проблемот ги погодува и најмладите. Чипс, газирани пијалаци и брза храна се почесто се дел од детското мени.
,,Обезноста или дебелина претставува една глобална пандемија, значи може би начинот на исхрана, недостаток на физика активнсот, многу по алрамнатно за што треба сите да го повлечеме ѕбончето за аларм, затоа што се појавува и во најрана возраст. Значи сведоци сме на дечиња кои уште од рана возраст што имаа преголема тежина, тоа се рефлектира на еден нормален физички развој. Затоа што консумираат беза храна, чипсови кои се полни адетиви, газираните напитоци, така да, oва е на глобално ниво.“, додава Митров
Штипските лекари даваат совети, младите, но и возрасните да обрнат внимание особено на исхраната. Да внесуваат доволно течности, да јадат повеќе здрава и лесна храна, избегнуање на прженици, на поголема количина леб и газирани пијалоци. Дополнително велат потребна е физичка активност, се со цел да не дојде до несакани последици.
Иван Митев, М-Нет