Суперлигашот Радовиш официјално ги промовираше новите засилувања

ФОТО: Александар Ванев

Ракометниот суперлигаш Радовиш официјално ги претстави новите засилувања за сезона 2025/2026. Клубот ја договори и продолжи соработката со неколку играчи до минатата сезона како Филип Трајанов, Иванче Ончев, Филип Костадиновски, а клубот ги претстави Мартин Димов кој игра како десно крило, левниот бек Филип Сиљанов, потоа Илија Табаков кој игра како лев бек и лево крило, а сите доаѓаат од Борец ФЛ од Велес.

Радовишани се засилија и со Бобан Каковски кој е среден бек, како и со голманот Даниел Ацев.

Како што дознаваме во следниот период ќе следува промоција на уште неколку нови засилувања.

Новата сезона во Суперлигата ќе започне на 6 септември, а Радовиш подготовките ќе ги стартува на 30 јули.

Александар Ванев, М-Нет