
Студен бран и обилен дожд го зафаќаат регионот, пад на температурата и снег на планините. Синоптичарот Ленче Ризова, за М-Нет телевизија рече дека врнежите наместа се очекуваaт да биде пообилни, со што се очекува да наврнат околу 50 литри на м2. Таа информираше дека температурите ќе опаднат и истите ќе се движат од 7 до 14 степени во следните неколку дена.
,,Од денес ќе потпаднеме на влажен и постуден бран, така што еве кон крајот на денот и ноќта, а особено утре ќе имаме облачно време со врнежи од дожд, кои што на места ќе бидат пообилни. Се очекува од овој бран да наварнат над 30 литри на м2, а локално над 50 литри на м2. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилениот северен ветер, кој што ќе дува утре. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Во петок ќе имаме и натамошно спуштање на студен воздух, така што и во некој од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег, а тоа значи дека ќе имаме и опаѓање на температурите. Овие температури кои што ги имаме деновиве кои што се движеа некаде од 15 до 22 степени, сега веќе ќе бидат пониски така што утре, максималните температури од седум до 14 степени, петок уште малку пониски.“, рече Ризова
Релативно пријатно време се очекува од следната седмица, додаде синоптичарот Ризова, но сепак децидна дека утринските температури ќе бидат доста ниски, на некој места и под нулата
,,Од другата недела повторно ќе имаме така може да се каже релативно приајтно време, стабилно и со повисоки температури од сега.“, додаде Ризова
Инаку, со оглед фактот дека стартот на месец октомври започнува со променливи температури, лекарите предупредуваат особено до хронично болните лица, да бидат внимателни и редовно да ја примаат својата терапија.
Иван Митев, М-Нет