
Деветтата рунда од Првата лига го носи големото дерби меѓу непоразените Вардар и Струга Трим Лум. Ова е пресметка на Вардар кој е втор со 20 бодови и Струга која е на врвот со 22 бодови, соочување за кој да биде лидер во фудбалската елита.
Традијата вели дека погодоци на дербито во Скопје ќе има, а влогот од овој меч е голем.
Најмногу може да добие и Шкендија, ако евентуално Вардар и Струга ремизираа, а пак шампионот го добие Пелистер во Битола, бидејќи битолчани се во голема резултатска криза од која никако да излезат, а прашање е колку ќе можат и против тетовскиот тим, кој игра во одлична форма.
Македонија ЃП и Арсими ќе се соочат на стадионот во Ѓорче, каде „лавовите“ ќе целат кон триумф кој би значел и прогрес на шесттото место на табелата и зацврстување на момент во средината од табелата, а пак триумф за Арсими ќе донесе промените на табелата. Тимот од Чегране ќе прогресира, а пак тимот од Ѓорче може да се спушти и до две позиции на табелата.
Брера Струмица по назначувањето на Мартин Алаѓозовски за тренер игра во одлична форма, со што струмичани сега е се на шестата позиција, а на домашен терен ќе се соочат со Башкими, во меч ако бодовите останат дома ќе значи значителен прогрес на табелата за Брера која би се израмнија со Башкими на петтото место.
Од друга страна повратникот во елитата игра во одлична форма, а по ремито со Вардар на домашен терен ќе сака позитивен резултат во Струмица и сериозно да се вмеша за позициите кои водат кон Европа.
Шкупи ќе бара бодови дури во деветтото коло со Работнички, а ова ќе биде дуел на двете екипи кои во целост потфрлија и ќе бараат излез од резултатската криза во меѓусебен дуел.
Тимот од Чаир е на дното со осум порази од толку дуели, а пак Работнички е во претпоследен со четири бодови од можни 24.
Силекс на домашен терен ќе бара враќање на победничките патеки и само победа ќе биде опција за кратовкиот тим против Тиквеш, бидејќи тимот на Васоски нанижа три порази во низа и не смее да погреши одново против гостинот од Кавадарци на домашен терен.
Трите бодови се цел и за Тиквеш, но повеќе од јасно е дека го очекува тешко гостување во Кратово, каде тешко се освојуваат бодови.
Александар Ванев, М-Нет